Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

„Кружно патување на Марето“ награден на Tracce Cinematografiche Film Festival во Рим

29/06/2017

 

На шестото издание на филмскиот фестивал Траче Чинематографике (Tracce Cinematografiche Film Festival) во Рим, краткиот анимиран филм „Кружно патување на Марето“ во режија на Жарко Иванов ја освои Специјалната награда на жирито за анимиран филм. Во силна конкуренција од пријавени повеќе од 1500 кратки филмови, од кои 50 во Официјалната конкуренција, „Марето“ ја освои својата седма награда на меѓународните филмски фестивали. Во мотивацијата на жирито за наградата се вели: Филмот нуди омаж на киното и се одликува со вештина на изразот, фотографијата и монтажата, кои го водат гледачот од надвор на внатре во филмот и повторно во круг, од внатре кон надвор.

Сценаристи на филмот се Жарко Иванов и Александар Прокопиев, главен аниматор Александар Зафировски, директор на анимација Крсте Господиновски, музика Оливер Јосифовски.

Филмот е во продукција на Флип Бук и е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на РМ..