„Кружно патување на Марето“ најдобар анимиран филм Филмскиот фестивал Вилмош Зигмонд во Унгарија

16/05/2017

 

Краткиот анимиран филм „Кружно патување на Марето“ во режија на Жарко Иванов ја освои наградата за најдобар анимиран филм на првото издание на Филмскиот Фестивал Вилмош Зигмонд во Унгарија. Фестивалот е во чест на неодамна починатиот голем унгарски кинематографер Вилмош Зигмонд, добитник на Оскар за филмот „Блиски средби од трет вид“ на Стивен Спилберг и наградата Бафта за филмот „Ловци на елени“. Наградата има посебна важност и заради членовите на жирито, светски познати филмски професионалци и теоретичари, негови пријатели и соработници: Најџел Вотерс, поранешен претседател на Имаго и подпретседател на Британското Друштво на Кинематографери, Пиер Филмон, член на жирито во Кан 2017 година и режисер на документарниот филм „Блиски средби со Вилмош Зигмонд“, Сабо Габор, директор на фотографија на филмот на Зигмонд „Долгата сенка“.

„Кружно патување на Марето“ до сега има освоено шест награди и учествувано на повеќе од 50 меѓународни филмски фестивали. Свои следни претставување филмот ќе има во официјална конкуренција на филмскиот фестивал „Сантиаго дел Естеро“ во Аргентина, Кино Изола во Словенија, филмскиот фестивал на Југо-Источна Европа во Париз и Берлин и Constantin's Gold во Србија.