Отворен конкурс за Сараево Талент Кампус 2013!

14/05/2013

Конкурсот за млади филмски професионалци од Југоисточна Европа  - Сараево Талент кампусот, кој се одржува во рамките на 19. Сараевски филмски фестивал, е официјално отворен.

7. Сараевски кампус, кој ќе се одржи од 18-24 август претставува збирно место за голем број на сценаристи, режисери, актери, продуценти и филмски критичари.

                                         

Покрај Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Грција, Хрватска, Косово, Унгарија, Македонија, Романија, Словенија, Србија и Турција,  од минатата година  право на учество на Талент кампусот им е овозможено и на кандидати од Ерменија, Азербејџан, Грузија и Молдавија.

Сараево Талент Капмусот претставува програма за образување и соработка на перспективни филмски уметници од Југоисточна Европа, кој е основан во 2007 година во соработка со Меѓународниот филмски фестивал Берлинале и Берлинале Талент кампусот. Програмата нуди инспиративни предавања, панел дискусии, критички полемики, голем број на работилници, практични вежби, филмски проекции и фестивалски екскурзии.

 

Краен рок за аплицирање на заинтересираните кандидати е 1 јуни, 2013 година.

Аплицирање и подетални информации на www.sff.ba