Проекција на документарниот филм ‘‘Децата на татко ми‘‘

11/03/2015

На 7 март, 2015, во Кинотеката на Македонија, беше прикажан документарниот филм „Децата на татко ми“, во режија на Бесфорт Имами. Филмот е посветен на таткото на режисерот, господинот Суреја Имами - првиот албански учител по музика во Македонија.

Продуценти на филмот се Award Film & Video, филмот е сниман со финансиска поддршка на Агенцијата за филм на РМ.