Проекција на „Ослободување на Скопје“ во Лос Анџелес

12/12/2016

 

На 9ти декември во Лос Анџелес се одржа последната специјална проекција на филмот „Ослободување  на Скопје“, како дел од проекциите кои се одржуваат пред номинацијата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

„Ослободување  на Скопје“ е македонско-хрватска-финска копродукција и оваа година беше избран за македонски кандидат за Оскар во категоријата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Проекцијата на „Ослободување на Скопје“ се одржа пред гласањето за потесниот избор од девет филмови, а особено задоволство беше тоа што на проекцијата заедно со останатите членови на Националната академија беше присутна и Анет Бенинг, која е добитник на Златен глобус, на повеќе  кандидати за наградата Оскар. По проекцијата режисерот на филмот Раде Шербеџија, одговараше на прашања од публиката.

За филмот во последната недела беа напишани многу статии во американските медиуми, меѓу останите и во Hollywood Reporter.