Проекција на „Пред дождот“ во Чешкиот центар во Њујорк

09/12/2016

Во рамките на програмата „Прозорец кон европскиот филм“, на 8ми декември во Чешкиот центар во Њујорк, се одржа проекција на македонскиот филм „Пред дождот“, кој беше номиниран за Оскар и добитник на наградата „Златен лав“ на педесет и првото издание на фестивалот во Венеција. Проекцијата се одржа во присуство на режисерот Милчо Манчевски, кој по прикажувањето на филмот имаше разговор со публиката.

Инаку филмот беше најавен како прв филм направен во независна Република Македонија, во кој се преплетуваат приказните на православниот христијански монах (Грегори Колин), британскиот фото агент (Кетрин Картлиџ), и македонскиот воен фотограф (Раде Шербеџија) и каде е прикажано како надоаѓачките етнички и верски тензии стигнат до својата точка на вриење. Направен за време на војните на Балканот во деведесеттите години, овој триптих на љубов и насилство е безвременско филмско потсетување за залудноста на војната.

Линк од настанот