Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

„Исцелител“ е најдобар дебитански филм во Југоисточна Европа

24/04/2018

 

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е добитник на наградата за најдобар дебитански филм на филмскиот фестивал Let’s CEE во Виена, Австрија. Филмот се натпреваруваше во официјалната програма заедно со уште 13 филмови. Покрај „Исцелител“ уште еден македонски филм освои награда на Let’s CEE, „Види ја ти неа“ на Горан Столевски кој  ја доби наградата за најдобар краток филм. Ова е шесто издание на фестивалот на кој беа прикажани повеќе од 155 долгометражни, документарни и кратки филмови.

Покрај наградата за најдобар дебитански филм „Исцелител“ доби и специјално признание од Синеплекс, кој доделуваа награда за дистрибуција. Тие потенцираа дека „Исцелител“ го изненадил жирито со „ хумористичниот начин на кој се справува со комплексна тема“.

На 20-ти и 23-ти април „Исцелител“ се прикажа на 37-миот меѓународен филмски фестивал во Минеаполис во програмата „светско кино“. Ова беше трето прикажување во САД за „Исцелител“ по фестивалот во Кливленд и фестивалот во Санта Барбара, каде ја доби наградата за најдобар филм во интернационалната програма.