Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

„Исцелител“ избран во официјална конкуренција на три меѓународни фестивали

18/04/2018

 

Филмот „Исцелител“ е избран во официјална конкуренција на 42-то издание на меѓународниот филмски фестивал во Кливленд (CIFF) во Соединетите Американски Држави. Филмот ќе се прикажува во програмата во чиј фокус се филмови од Централна и Источна Европа во конкуренција заедно со уште 14 други европски остварувања. Ова е второ прикажување на „Исцелител“ во Соединетите Американски Држави.

 „Исцелител“ е исто така избран во официјална конкуренција на 6-тиот меѓународен филмски фестивал во Виена, „Let’s CEE“.  Во официјалната програма „Ветувачки дебитантски филмови“ во која ќе се натпреварува заедно со 13 други филмови „Исцелител“ ќе има три прикажувања, на 16-ти, 17-ти и 21-ви април.  

Филмот исто така ќе се прикажува на 8. издание на престижниот меѓународен филмски фестивал во Пекинг (BIJFF). Филмот ќе ја има својата кинеска премиера во официјалната натпреварувачка програма Forward Future на 23 април.