„Исцелител“ освои четири нови награди и се прикажа во Прага

28/03/2018

 

Филмот „Исцелител“ минатата недела освои уште четири значајни награди на престижни меѓународни филмски фестивали. На филмскиот фестивал во Обањ, Франција тој беше избран за најдобар филм во главната натпреварувачка конкуренција, во конкуренција со 9 други филмови.  На филмскиот фестивал во Бергамо, Италија исто така беше избран за најдобар филм во главната натпреварувачка конкуренција. На филмскиот фестивал „Франкофилм“ во Рим, Италија доби специјална награда од жири, а специјална награда освои и на филмскиот фестивал во Софија, од жирито на Балканската програма.

Покрај присуството на фестивалите на кои беше награден, филмот „Исцелител“ истовремено беше прикажан и на „Фебиофест“ во Прага, каде сите проекции беа целосно распродадени.  

„Исцелител“ од премиерата во ноември па досега, учествуваше на 16 филмски фестивали и освои седум меѓународни награди како и две награди во Македонија, Златна бубамара и Признание за филм на годината од Факултети.мк. Филмот беше прикажан во Индија, Америка и неколку земји од европскиот континет. Освен освоените награди, филмот со својот квалитет го привлече виниманието на публиката и на светската филмска критика.