Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

„Исцелител“ со награда од публиката на фестивалот во Солун

16/11/2017

 

Филмот „Исцелител“ на македонскиот режисер Ѓорче Ставрески ја освои наградата од публика во рамките на „Balkan Survey“ програмата на Солунскиот филмски фестивал.

Ова е прва награда доделена на македонски филм во 58-годишното постоење на фестивалот и е единствена награда што се доделува во балканската програма.

Сѐ уште сум под огромни ипмресии. Големо задоволство во моментов ми е што наградата на публиката ми покажа дека филмот кој се движеше на тенка линија помеѓу драма и комедија целосно допре до интернационалната публика. Се смееја на хуморот, се плашеа за главниот јунак, навиваа за среќна завршница. Имав две прекрасни проекции, а во релаксирана атмоосфера слушнав коментари кои ми покажаа колку сме блиски како култури, особено притиснати од нашите апсурдни балкански невољи. Се надевам на добар прием и кај нашата публика.“ – изјави режисерот Ѓорче Ставрески.

„Исцелител“ пред македонската публика премиерно ќе се прикаже на церемонијата на затворањето на фестивалот Синедејс во Скопје, на 19 ноември, по што ќе се најде на редовната програма на македонските кина.