ИЗБОР НА НОВИ УЧЕСНИЦИ ВО МЕЃУНАРОДНОТO ЖИРИ НА GIFFONI EXPERIENCE, ИТАЛИЈА

28/03/2015

             

 

 

На 28.03.2015 год. (Сабота) со почеток од 12:00 часот во просториите на Кинотеката на Република Македонија, Џифони Македонија го направија изборот на последните четири деца и  млади кои заедно со уште осум деца и млади од Македонија ќе учествуваат на 45-то издание на филмскиот фестивал за млади Giffoni Experience кој ќе се одржи во период од 17-26 јули во Џифони, Република Италија.

Во изборниот процес учестуваат повеќе од 130 деца и млади од возрасна категорија 13+ и 16+ кои испратиле своја апликација на повикот кој беше објавен на официјалната веб страна и Facebook страната на Џифони Македонија.

Настанот беше отворен со видео кое го прикажува 45 годишното постоење на Giffoni Experience Италија и активностите кои се дел од самиот фестивал. По видеото на младите во преполната кино сала им се обрати Амбасадорот на Република Италија во Република Македонија Н.Е. Ернесто Масимино Белели придружен со веќе избраните осум млади кои ќе бидат дел од овогодишното издание, а беа избрани, дел како најактивни во фестивалските денови на второто издание на Филмскиот фестивал за млади Џифони Македонија и дел директно од страна на Giffoni Experience,Италија. Амбасадорот Белели го изрази своето задоволство за големиот интерес на младите од Р. Македонија и желбата, како и  можноста да бидат дел од ова единствено доживување кое го нуди најголемиот и најзначајниот фестивал за млади Giffoni Experience, Италија.

Со цел избор на нови учесници на Giffoni Experience, пријавените деца имаа можност да проследат краток филм по избор на организаторите. По проекцијата на филмот, во зависност од возрастадецата беа поделени на две групи  (група 13+ и група 16+)со цел дискусии за филмот со модерторите.

По завршувањето на дискусиите со  најактивните деца од двете групи беше спроведено интерју од страна на комисија составена од преставници на Агенцијата за филм на Република Македонија и Здружението за ширење на филмска култура Џифони-М на кое беа избрани следниве 4 деца и млади кои се приклучуваат на овогодишното меѓународно жири во Италија:

13+

Горан Поповски (ОУ„Климент Охридски’’, Прилеп)

Евгенија Станковска (СУГС „Никола Карав’’ Скопје)

 

16+

Ардит Бина (СУГС „Јосип Броз Тито’’, Скопје)

Ангела Димевска (Меѓународно училиште Нова, Скопје)

 

Имено, како и минатата година, така и оваа година во Италија ќе отпатуваат вкупно 12 деца од Македонија кои заедно со повеќе од 3000 деца од целиот свет ќе бидат движечката сила на фестивалот, односно членови на меѓународно жири. Во текот на фестивалските денови низ темата “Carpe Diem” (Зграпчи го денот) младите ќе имаат уникатна можност да споделат единствено и незаборавно искуство кое ќе ги урне разликите меѓу нив, стравовите, грижите и преку филмот, разните дискусии и работилници ќе им се овозможи запознавање на нови приказни, националности, култури кои ќе го збогатат нивното знаење. И оваа година Giffoni Experience ќе им овозможи на младите од целиот свет да се дружат со познатите филмски звезди кои набргу ќе бидат објавени.