Започна снимањето на краткиот филм „Потстанар“ во режија на Ѓорче Ставревски

21/10/2011

Вчера во Скопје почна снимањето на краткометражниот игран филм со работен наслов „Потстанар“ на режисерот Ѓорче Ставрески. Во наредните шест дена филмот ќе се снима на различни локации во градот. Главните улоги во „Потстанар“ ги толкуваат Давид Коцевски, Ана Стојановска, Сабина Ајрула и малата Ема Младенова. Филмот е базиран врз вистински настан и зборува за општествените проблеми и предизвици со кои се соочуваат младите луѓе. Оваа лесна и комична приказна на почетокот на филмот прераснува во вистинска силна драма. Ставрески ги режираше и филмовите „Skopje Lovers“, кој е дел од омнибусот „Skopje Remixed“ и краткометражниот филм „На Изгрејсонце“ кој гостуваше на фестивали низ светот, а беше дел и од најпрестижниот фестивал за кратки филмови „Clermont-Ferrand“ во Франција. Според соопштението, за кастингот беше задолжена Киријана А. Николовска, директор на фотографија е Ѓорѓи Клинчаров, дизајнер на продукција е Срѓан Митровиќ, за костимите за погрижи Раде Василев, а за шминката Жанета Димитриевска. Музиката за филмот ја работи Огнен Анастасовски од „Беј д’фиш“. Ставрески е воедно и сценарист, продуцент, а извршен продуцент е Васил Ѓуроски. Филмот е во продукција на „Трис филмс“.

 

Дневник: Ѓорче Ставрески почна да го снима филмот „Потстанар“

Вест: Почна снимањето на филмот Потстанар на режисерот Ѓорче Ставревски

Утрински весник: Почна снимањето на филмот „Потстанар“ на Ѓорче Ставревски

ТВ Сител: Почна снимањето на филмот „Потстанар“