Краткометражниот филм „Амби“ селектиран на фестивалот „Холишортс“

12/07/2017

 

Краткометражниот игран филм “Амби” изработен со финансиска поддршка на Агенцијата за Филм, во продукција на Квазар филм, а во режија на Марија Апчевска влезе во официјална конкуренција на овогодинешниот HollyShorts Film Festival во Калифорнија. HollyShorts е значаен Oscar Qualifying фестивал, специјализиран за краток филм, каде што се претставуваат автори од целиот свет во една од најзначајните кино сали во главниот град на филмскиот свет Лос Анџелес, Chinese Theater. Фестивалот е ќе се одржи од 10 до 19 август 2017 година во Холивуд.

Улогите ги толкуваат: Димитрија Марковски, Антонија Белазелкоска и Владимир Тулиев. Дел од авторската екипа се: Владимир Самоиловски -директор на фотографија, Горан Вуќиќ – монтажа, Кирил Спасески – сценографија,  Раде Василев – костимографија, Билјана Драгичевиќ-Пројковска – кастинг директор, Дарко Спасовски и Горан Керкез – дизајн на звук, Александар Пејовски, Дарко Спасовски – музика, Ѓoрѓи Аврамовски - Линиски продуцент. Продуцент на филмот е Блаже Дулев.