Заврши снимањето на краткометражниот филм „Роденден“

13/03/2015

Заврши снимањето на краткометражниот филм „Роденден“ по сценарио и режија на Косара Митиќ.

Филмот ‘‘Роденден‘‘ е сниман на повеќе локации во Скопје; во филмот се зборува за група тинејџери кои на бизарен начин ќе го прослават полнолетството на својот пријател.

Во филмот настапува следната актерска екипа:  Никола Колев, Дениз Абдула, Александар Михајловски, Силвија Стојановска, Милица Стојанова, Ана Костовска, Сара Климовска и Емил Костовски.
Проектот е во продукција на Сектор филм и е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.