Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Краткиот филм “ Брат за еден ден ” - го продолжува фестивалскиот успех

07/09/2016

 

Краткиот игран филм „Брат за еден ден“ на режисерот Стојан Вујичиќ во продукција на Лунар и Дрим Фектори, имаше успешна летна фестивалска сезона. Филмот летото го започна во селекцијата на Arroios film festival во Лисабон-Португалија, фестивалскиот пат го продолжи во официјалната селекција на Los Anglees cine fest - USA, пред само неколку дена беше дел од фестивалот Sila во Италија, за летниот фестивалски успех да го заврши со премиера пред Битолската публика на фестивалот Браќа Манаки.

Главната улога ја толкуваат 7-годишните Леон Кемал и Моника Бошковиќ, заедно со актерите Тони Михајловски и Камка Тоциновски.

Филмот се снимаше минатата година во Скопје, а авторска екипа ја сочинуваат: Директорот на фотографија Димо Попов, костимограф е Раде Василев, автор на музиката е Оливер Димитров, снимател и дезајнер на звукот е Игор Поповски, а продуцент на филмот е Огнен Антов. Режисерот Стојан Вујичиќ во периодов го заврши својот нов краток филм „Допир“, а го подготвува и својот игран филм „Стела“.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.