Премиера на краткометражниот „Конфликт“

17/03/2016

       Денес, со почеток во 18:00 часот во Кинотека на Р. Македонија ќе се одржи премиера на краткометражниот игран филм „Конфликт“ во режија на Филип Матевски.

       Филмот е сместен за време на конфликтот во Македонија, 2001. Борче, апсолвент по гитара кој сонува за музичка кариера, на еден месец пред неговото дипломирање е мобилизиран и испратен во војна. По патот, камионот со кој патува постанува центар на гротескно лудило предизвикано од сцените и луѓето со кои војниците се соочуваат по патот.

       Филмот е во продукција на Бумеранг АВЕ  Продукција, по сценарио на Ивана Нелковска и Филип Mатевски, со Ненац Нацев и Александар Михајловски во главните улоги и истиот е поддржан од Агенција за филм на РМ.