Премиера на краткометражниот „Еклер“

04/05/2016

 Краткометражниот игран филм „Еклер“, во режија и по сценарио на Марко Ѓоковиќ ќе биде премиерно прикажан вечерва во 21 часот во кино Милениум.

 Актерската екипа ја сочинуваат Sвездана Ангеловска, Игор Ангелов, Давид Тодосевски, Дина Јовевска, Горан Трифуновски, Борис Дамовски, Сара Климовска и Емил Костовски. Директор на фотографија е Александар Крстевски, сценограф Иван Бартлинг, костимограф Емилија И. Атанасовска, Симона Ристевска – шминкер, Горан Вуќиќ – монтажер, Игор Поповски – дизајнер на звук и Огнен Атанасовски – композитор. Продуценти на „Еклер” се Дејан Крајчевски, Марија Димитрова и Емилија Чочкова.

 Филмот е во продукција на „Фрагмент филм“ а копродуценти се „Круг филм„,  „Вертиго визуал“ и „Аудио Хаус“ од Македонија и „Кјуб студиос“ од Тирана, Албанија.

   Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.

  Од утре филмот ќе биде на редовен репертоар во кино Милениум.