Заврши снимањето на краткометражниот филм „Старо железо“

29/06/2016

Заврши снимањето на дебитансткиот краткометражен игран филм „Старо железо“, во режија и сценарио на Златко Калеников.

„Старо железо“ е современа драма која третира секојдневие на едно ромско семејство прикажано од перспективата на едно осумгодишно девојче и нејзините заложби да придонесе во нивниот живот.

Главните улоги ги толкуваат Моника Бошковиќ, Бајрам Северџан, Јелена Јованова Периќ и Катина Иванова. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф Кирил Спасевски, костимограф Жаклина Крстевска, а монтажата на филмот ке ја направи Атанас Георгиев.

Главен продуцент на филмот е Стримон Филм во копродукција со ФХ3Х и Сектор Филм.

Премиерата на филмот се очекува да биде во септември.

Филмот е финансиски подржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија.