Започна снимањето на краткометражниот „Чевли“

26/11/2015

Вчера (25.11.2015 год.) започна снимањето на краткиот игран филм "Чевли" во режија и по сценарио на Бранко Костески, во продукција на Круг филм. Снимањето на филмот ќе се одвива до 29.11.2015 на повеќе локации во Скопје.

Дејството во филмот се фокусира на главниот протагонист Јован, кој ги краде чевлите на татко му од неговиот погреб. Од тој момент, почнува да го губи чувството за реалност за што ги обвинува чевлите што ги украде од татко му, но вистинската причина лежи во едно предавство кое што го прогонува од неговата младост.

Актерската екипа ја сочинуваат Благој Веселинов, Диме Илиев, Роберт Ристов, Ана Костовска, Григор Јованосвки, Сергеј Димоски, Јаков Спасов и Стефан Петровски. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф Кирил Спасески, костимограф Милена Атанасова, шминка Симона Ристевска, композитор Бојан Петков, монтажер Владимир Павловски, а продуцент е Дејан Крајчевски.

Филмот е поддржан од Агенција за филм на РМ.