Започнува снимањето на краткометражниот „Ќе дојдат децата“

15/01/2016

    Утре (16.01.2016 год.) започнува снимањето на краткометражниот филм „Ќе дојдат децата“ во режија на Ана Јакимска. Филмот ќе се снима на локации во с. Маловиште (Битола), Матка, Железничката станица „Jане Сандански“ и с. Кучково (Скопје).

    Дејството на филмот се одвива околу  млада учителка која е испратена да подучува деца во далечно планинско село. Како што минуваат деновите, од децата нема ни трага ни глас. Единствениот човек што го среќава во селото е една старица, чистачката во училиштето. Кога старицата ќе почине, младата учителка мора да најде начин да преживее.

    Филмот е во продукција на Круг Филм и истиот е поддржан од Агенција за филм на Р. Македонија. Сценариото го потпишува  Бранко Костески, кинематографер е Наум Доксевски, а монтажата е на Мартин Иванов.