Премиера на краткометражниот „Земја“

05/02/2016

Краткометражниот филм „Земја“ ќе биде премиерно прикажан денес (05.02.3016 г.) во Кинотека на Македонија со почеток во 18.00 часот.

Филмот е во режија и по сценарио на Ибрахим Деари,  во продукција на  Арбен Фејзулау (Фрамеин продукција) а директор на фотографија е Илија Зоговски.

"Земја" е приказна за едно типично албанско семејство од Македонија во кое традицијата и начинот на животот се наследуваат од дедо, на татко, на син. Оваа приказна е всушност конфликт на лични интереси, а воедно и конфликт на традиционалниот спроти модерниот начин на живеење, на кој потајно се приклучуваат и други членови на семејството.

Во главните улоги играат Адем Карага, Африм Мусај, Амернис Нокшиќи, Сефедин Нуредини, Веби Ќерими, Сефедин Шабани и Музбајдин Ќамили.

Филмот е поддржан од Агенција за филм на Р. Македонија.