Започна со снимање на краткометражниот игран филм „Човекот и песот“

06/07/2016

 

 

 

Денеска во Прага, Р.Чешка започна снимањето на краткометражниот игран филм „Човекот и песот“ во режија на Антонио Вељаноски, кој заедно со Алице Крајчирова се потпишува и на сценариото.

„Човекот и песот“ е драма која ја третира изгубеноста и  отуѓеноста на поединецот од средината и неговата потсвесна потреба за социјализација.

Главните улоги ги толкуваат чешките актери Јан Качер и Марија Дурнова.

Продуценти на филмот се Елена Станишева и Зоран Вељаноски Летра, директор на фотографија е Владимир Димоски, асистент на режија Франческо Монтањер, добитник на златен лав на филмскиот фестивал во Венеција, арт директор е Катерина Јирманова, а за звукот е задолжен Матеј Хрудина.

Филмот ќе се снима во студиото Барандов како и на повеќе локации во Прага, а неговата премиера се очекува кон крајот на 2016 година.

„Човекот и песот“ е копродукција на Стори Скоп Продукција од Охрид и Студио ФАМУ - Прага.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Р. Македонија.