Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Краткиот филм “ Брат за еден ден ” - со голема Азиска премиера во Делхи, Индија

01/11/2016

 

 

Краткиот игран филм „Брат за еден ден“ на режисерот Стојан Вујичиќ во копродукција на

Лунар и Дрим Фектори, ќе ја има својата азиска премиера во официјална натпреварувачка селекција на еден од најголемите фестивали во Индија за кратки филмови Delhi Shorts International Film Festival 2016.

Филмот во изминатиот период учествуваше и во официјалните селекции на Fish Eye Film Festival , 2016 во Велика Британија, а следно негово учество е на фестивалот “Balkan Beyond Borders 2016”.

Главните улоги во филмот ги толкуваат седумгодишниот Леон Кемал и Моника Бошковиќ, заедно со актерите Тони Михајловски и Камка Тоциновски.

Филмот се снимаше минатата година во Скопје, а авторска екипа ја сочинуваат: директор

на фотографија Димитар Попов, монтажер Ванчо Мираковски, сценографијата во филмот ја

креираше Влатко Зафировски, костимограф е Раде Василев, автор на музиката е Оливер

Димитров, снимател и дизајнер на звукот е Игор Поповски, а продуцент на филмот е Огнен

Антов.

Филмот е финансиски помогнат од Агенцијата за филм на Република Македонија.