„Неми Филмови“ на Visegrad Animation Forum

02/03/2017

 

Проектот во развој, краткиот анимиран филм со наслов „Неми Филмови“, е примен за учество на Visegrad Animation Forum. Форумот ќе се одржи од 2 до 4 Мај оваа година и учеството на истиот е од големо значење за развојната фаза на проектот. 

„Неми Филмови“ претставува екранизација на истоимениот краток расказ од Димитар Димоски, второнаграден на Конкурсот за краток расказ на Нова Македонија во 2016 година. Овој краток филм, кој ќе биде работен во техниката стоп анимација со употреба на кукли, е во продукција на Дарко Попов и продуцентската куќа Фокус Покус и истиот ќе се реализира под водство на Жарко Иванов како главен аниматор, а во режија на Крсте Господиновски.