„Шишка де лукс“ продолжува со снимање во Скопје

04/07/2014

 

 

Снимањето на долгометражниот филм “Шишка де лукс” продолжува во Скопје.

 

Снимањето ќе се одвива викендов во депото на македонски железници. „Шишка де лукс“ е словенечко-македонско-чешка копродукција по сценарио и режија на Јан Цвитковиќ.

 

Улогите ги толкуваат Жига Фодрансперг, Дејвид Фурлан, Марко Миладиновиќ, Перо Арсовски, Андријана Бошкоска-Батич. Авторскиот дел од Македонија го сочинуваат Иван Бартлинг – сценограф, Жаклина Крстевска – костимограф и Горан Игњатовски – шминкер/маскер.

 

Македонски ко-продуцент е Роберт Насков преку продуцентската куќа Кино око.

 

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Македонија.