„Медена ноќ“ на Иво Трајков го отвора Скопски филмски фестивал

16/04/2015

Светската премиера на „Медена ноќ“, долгометражното остварување во режија на Иво Трајков ќе го отвори 18то издание на Скопски филмски фестивал.

Филмот, копродукција на Македонија, Чешка и Словенија, ќе биде прикажан утревечер (17ти април) во киното Милениум со почеток во 20 часот. Приказната се одвива во 90те години и се случува за време на ноќта на десетгодишнината на заменик министерот Никола  и неговата сопруга Ана. Улогите на Стив и Ана ги толкуваат актерите Никола Ристановски и Верица Недеска. Македонски продуценти на филмот се Кавал филм, а истиот е поддржан од Агенција на филм на Р. Македонија.