„Скопје Ремикс“ премиерно на 30 март

06/03/2012

 

 

Музичко - филмскиот омнибус „Скопје Ремикс“, во режија на Борјан Зафировски, Даријан Пејовски, Огнен Димитровски, Срѓан Јаниќијевиќ, Ѓорче Ставрески, Саша Станишиќ, Вардан Тозија, Синиша Евтимов, Јане Алтипармаков и Бојан Трифуновски, ќе ја има својата премиера на 30 март во Кино Милениум, по што филмот ќе се прикажува на редовниот репертоар на Киното до 12 април 2012.

Филмот претставува визуелен ремикс составен од 9 приказни низ кои провејува урбаниот дух на градот Скопје, виден низ индивидуалната призма на неговите автори. 

Филмот е поддржан од Филмскиот Фонд на Македонија.

 

 

 

 


Вечер: "Скопје Ремикс" премиерно на 30 март

Радио Фортуна:„Скопје Ремикс“ со премиера

КармаКаша:Премиера на „Скопје Ремикс“ – девет приказни, десет режисери, еден град