Заврши снимањето на „Словенија, Австралија, а утре светот“

30/06/2016

 

Заврши снимањето на долгометражниот игран филм „Словенија, Австралија, а утре светот“, по сценарио и режија на Марко Наберзник. Филмот е македонска малцинска копродукција помеѓу Кино Око од Македонија и продуцентот Роберт Насков и Перфо од Словенија и продуцентите Алеш Палвин и Андреј Штритов.

Македонската екипа ја сочинуваат Горан Игњатовски, маска, Марина Костова асистент на камера и Игор Василев, композитор на музиката.

Во текот на месец ноември, во Македонија  ќе се одвива дел постпродукцијата на филмот.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија.