Со новите дигитални проектори започнува дистрибуцијата на филмот „Трето полувреме“ во режија на Дарко Митревски

04/10/2012

Од 4 октомври во Центарот за култура во Охрид, а од 5 октомври во Битола започнива кинодистрибуцијата на филмот „Трето полувреме“ со новите дигитални проектори кои ги набави Филмскиот фонд на Македонија.
Филмот „Трето полувреме“ ќе има широка дистрбуцијата низ цела Македонија која ќе трае до крајот на оваа година. 
Проектот за набавка на 15 дигитални проектори за киносалите низ нашата држава го спроведува Филмскиот фонд во соработка со Владата на Република Македонија и Министерството за култура. Целта на овој проект е да заживее киномрежата и да се овозможи на сите македонски граѓани да ги гледаат македонските и странски филмови од новата продукција.