Sofia Meetings 2016 - Отворен повик за аплицирање

27/07/2015

 

13. издание на Sofia Meetings ќе се одржи во период од 17-20 март, 2016 година во рамки на 20. Софиски филмски фестивал (10-20.03.2016).

Sofia Meetings е настан поддржан од подпрограмата МЕДИА на Креативна Европа, бугарскиот Национален филмски центар и општина Софија и е поделен на два дела:

Feature Films Pitching – наменет за прво, второ или трето долгометражно остварување на режисерот, во потрага по копродуценти, продажни агенти и дистрибутери.

Balkan Screenings / Works in Progress – отворен за најновите долгометражни и краткометражни проекти од Бугарија и регионот, прикажување на филмови од автори чии проекти учествувале на  Sofia Meetings. Проекциите се наменети за филмски професионалци, режисери, програмери од меѓународни  филмски фестивали, селс агенти и дистрибутери и новинари.

Услови за аплицирање:

Прво, второ или трето долгометражно остварување на режисерот. Конкурсот е отворен за сите европски земји.

 

 

Потребни материјали:

Краток опис на проектот (1-2 реченици)

Синопсис

Тритмент/Сценарио

Режисерска експликација

Буџет

Финансиски план

Кратка биографија на режисер

Информации за продуцентска куќа

Филмографија на режисер

 

Краен рок за аплицирање: 01.12.2015 година

На настанот се очекува присуство од над 100 клучни фигури од филмската индустрија меѓу кои продуценти, дистрибутери, претставници од филмски маркети, селс агенти, филмски фондови и многу други филмски професионалци од Европа и регионот како и претставници од клучни филмски фестивали. Покрај главните програми, присутните ќе имаат можност да учествуваат во работилници, панел дискусии, презентации и голем број на неформални настани.

Апликациите е потребно да се испратат на  sofiameetings@siff.bg.

Повеќе информации за настанот на www.siff.bg/sofiameetings