Македокс - Работилница за постпродукција на звук

29/05/2013

Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс организира работилница за звук и монтажа под менторство на Владимир Ракиќ, музички композитор, дизајнер и снимател на звук, кој живее и работи во Амстердам и Берлин.

Работилницата за постпродукција на звук  е наменета за режисери, монтажери, дизајнери на звук и композитори, чиј документарен филм е во завршна фаза или мотажа.

Петдневната работилницата е замислена како можност за подлабока анализа и размена на идеи, искуства и креативни размисли кои ќе им помогнат на учесниците во постпродукцијата на звукот/музиката, со што филмот би ја добил својата најдобра верзија.

Сите заинтересирани можат да се пријават со краток или долгометражен документарен филм којшто е во завршна или во фаза на монтажа  преку испраќање линк од ДВД или Вимео од  филмскиот проект на Владимир Ракиќ на rakicvladimir.sd@gmail.com најдоцна до 5 јуни.

Учеството на работилницата чини 100 евра.

Повеќе информации, ОВДЕ