Специјално признание на Македонскиот актер Мартин Ѓоргоски од филмот “ЏГАН “

15/11/2016

 

Македонскиот игран филм „Џган“, по сценарио и режија на Вардан Тозија учествуваше на Филмскиот Фестивал во Брунсвик, Германија и освои Специјално признание за исклучителното остварување за улогата на Филип, која ја толкува младиот актер Мартин Ѓорѓоски.

 

Филмот беше номиниран меѓу осум филмови во натпреварувачката категоријата “Beyond”. 

 

Македонски продуцент на филмот „Џган“, е Дрим Фектори, а ко-продуцент е Red Helicopter films од Албанија.

Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија.