Започна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“

21/04/2017

 

Играниот филм „Дедо и внук“ на сценаристот и режисер Илија Пиперкоски, во продукција на Пандорас бокс продукција, а во соработка со Дрим Фектори и Елиен Филм, го започна снимањето во Охрид. Филмот е финансиски помогнат од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Приказната на филмот почнува по смртта на еден млад пациент, по што младиот доктор Никола се обидува да направи ред во животот и оди на посета кај својот дедо, кај кого последен пат бил пред 10 години. Ова е филм за конфилкт на генерации, со контраст на морални вредности и можности за втора шанса. Љубовта не е нешто кое треба да биде научено. Тоа е нешто кое веќе го имаме, но иронично е што секогаш мора одново да го научиме. А со која цел? Да станеме почисти луѓе, како некогаш кога бевме деца.

Главните улога во филмот ги толкуваат Дејан Лилиќ, заедно со Салаетин Билал и Даниела Ивановска. Филмот комплетно ќе се снима во Охрид и ова е за прв пат во поновата Македонска историја, игран филм во целост да е снимен во Охрид и креиеран од автор кој живее и твори во Охрид. Авторската екипа ја сочинуваат Директорот на фотографија од Романија - Патру Паунеску, сценографијата во филмот ја креира Владимир Зафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, автор на шминката и маските е Клаудиа Мусат, снимател на звукот е Мариус Станеску, а продуцент на филмот е Огнен Антов.