Започна снимањето на краткометражниот филм „Коливо“

14/03/2017

 

На 12 март 2017 година, во делчевското село Град, започна снимањето на краткометражниот игран филм „Коливо“ по сценарио и во режија на Андреј Илиевски Волкашин, ко-продукција помеѓу ВЕДА Филм Продакшнс од Македонија и Концепт Студио од Бугарија.

Филмот го отсликува секојдневието на Дана, чиј живот одеднаш се разоткрива кога на традиционалното коливо ќе се појави нејзиниот поранешен љубовник Марко.

Улогите ги толкуваат актерите Лабина Митевска, Јоана Поповска, Дејан Лилиќ, Симеон Дамевски и непрофесионалните актери деца Ана Ангеловска, Ива Цонева, Дарко Јовановски и Павел Атанасовски. Екипата ја сочинуваат Кирил Проданов кинематографер, Илина Ангеловска сценограф, Жаклина Крстевска костимограф, Невелин В'лчев монтажер, Игор Василев Новоградска композитор, Крстјо Ламбев ко-продуцент и Елена Станишева продуцент.

Филмот е поддржан од страна на Агенцијата на Филм на Република Македонија,  Националниот Филмски Центар на Бугарија и Општина Делчево, а партнери на филмот се МакПрогрес, Genex xxl - Julius Meinl, Магрони Добра Вода,  Фротирка и Крзно Дооел од Делчево.