Започна снимањето на краткометражниот игран филм „Види ја ти неа“

31/03/2017

 

Продукцијата на филмскиот проект „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски,  ќе започне на 30.03.2017 година. Во филмот, кој се реализира со поддршка на Агенцијата за филм на РМ, учествува македонска екипа од искусни професионалци, како и истакнати и наградувани актери.

Филмот ќе се снима на неколку локации: СУГС „Браќа Миладиновци“ во населба Драчево, во куќа во населба Драчево, Катлановска бања и на редовна линија на потегот c. Долно Лисиче - c. Петровец и с.Петровец - Маџари.

Спроед планот на продукција, предвидено е снимањето да се заврши за четири дена.