„Пресуда“ на 18то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Софија

10/03/2014

Долгометражниот игран филм „Пресуда“ во режија на Стефан Командарев, на 6ти март беше премиерно прикажан во Република Бугарија како филм на официјално отварање на осумнаесетото издание на Софискиот Интернационален Филмски Фестивал. Филмот е во продукција на АRGO FILM Ltd. од Бугарија, СЕКТОР ФИЛМ од Македонија, NEUE MEDIOPOLIS FILMPRODUKTION GmbH од Германија и PROPELER FILM од Хрватска.



Филмот раскажува приказна за Митјо кој веќе 25 години живее со ужасна тајна. Како млад пограничен војник на бугарската граница, бил принуден да изврши убиство на млад пар од Источна Германија во обид на бегство кон Турција. Денес Митјо е повторно на истата граница, но овојпат работи од спротивната страна на законот, помагајќи им на емигрантите од Турција да пребегнат во Бугарија (Европска Унија).

Повеќе информации за филмот, ОВДЕ