„Шеќерното дете“ доби поддршка од SEE Cinema Network

13/11/2015

Во текот на вчерашниот ден (12.11.2015 година) во Солун, Грција се одржа 25то Генерално собрание на мрежата на филмски институции од Југоисточна Европа - SEE Cinema Network. Како и секоја година на Генералнотот Собрание беа присутни претставници од земјите членки на мрежата каде освен тековните активности се разгледуваа и пријавените филмски проекти кои оваа година аплицираа за финансиска поддршка за развој на регионална ко-продукција за долгометражен филм.

Од вкупно десет пријавени филмски проекти, претставниците од земјите членки донесоа одлука да бидат поддржани вкупно 6 филмски проекти за развој на регионална ко-продукција за долгометражен филм со финансиска поддршка во износ од по 8.000 евра за секој проект. Од Република Македонија финансиска поддршка доби филмскиот проект „Шеќерното Дете“ во режија на Игор Иванов, продуцентска куќа, Скопје Филм Студио.