"Лето со Силвија" на фестивали во Загреб и Мексико

02/11/2016

 

Сценариото "Лето со Силвија" на Андреј И. Волкашин е едно од избраните сценарија на работилницата "My Fist Script" за долгометражни филмови, која ќе се одвива како дел од индустриската програма на 14. Загрепски Филмски Фестивал во периодот од 14 - 18 ноември 2016 година.

Работилницата "My Fist Script" е наменета за развој на прв долгометражен филм (документарен, игран или анимиран) и подразбира активна индивидуална работа на авторите под менторство на двајца  "script" доктори.

Правилата на работилницата налагаа селекција на два проекта од Хрватска и четири сценарија од регионот и Европа, меѓу кои оваа година селектирани се сценарија од Босна и Херцеговина, Грузија, Црна Гора и сценариото "Лето со Силвија" на Андреј И. Волкашин од Македонија.

Исто така, "Лето со Силвија" е финалист и се натпреварува во три категории на фестивалот "Oaxaca Film Fest" во Мексико, и тоа за: Најдобра романса, Најдобро оргинално сценарио и за главната награда за 2016 година "Script Challenge : Best Overall Script"

Проектот "Лето со Силвија" е поддржан за развој на сценарио од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија.