Почна снимањето на „Лазар“ на Светозар Ристовски

10/07/2013

Започна снимањето на долгометражниот игран филм „Лазар“, трет филм на режисерот Светозар Ристовски. Филмот ќе се снима по сценарио на Светозар Ристовски и Грејс Лиа Троје и е копродукција меѓу „Смалл мовес“ од Македонија, „МП Филмска продукција“ од Хрватска, „Гала филм“ од Бугарија и „Аризона продакшн“ од Франција.

Најголем дел од филмот ќе се снима на територијата на  Македонија, на локации во Скопје, Штип, Демир Капија, и неколку дена во Софија.

Главните улоги ќе ги играат Дејан Лилиќ, Наташа Петровиќ и хрватскиот актер Ведран Живолиќ, а во екипата се  Владо Јовановски, Тони Михајловски, хрватскиот актер Горан Навојец, актерите од Бугарија Красимира Кузманова и Александар Сано и Александра Балмазовиќ од Словенија.

Филмот е  финансиски поддржан од  Филмскиот фонд на Македонија, од хрватскиот Аудиовизуелен центар, Националниот филмски центар на Бугарија, од СЕЕ Синема нетворк, Аризона дистрибјушн и од европскиот фонд „Еуримаж“.

Повеќе информации за филмот, ОВДЕ