Отворен повик за аплицирање на PIXEL LAB 2015

23/01/2015

Повикот за аплицирање на Pixel Lab 2015 е официјално отворен.

Pixel Lab 2015 претставува водечка работилница на програмата Power to the Pixel, наменета за обука на професионалците од филмската и телевизиска индустрија, маркетинг индустријата и издаваштвото, со цел усовршување на вештините потребни за создавање, финансирање и дистрибуирање на проекти на повеќе медиумски платформи.  Работилницата ќе се одвива во период од четири месеци (од јуни до октомври) со учество на 20 продуценти со проекти и 20 медиумски професионалци без проект и ќе биде предводена од водечки медиумски експерти и предавачи.

Краен рок за аплицирање е 26.03.2015.

Повеќе информации на  www.powertothepixel.com