Отворен повик за аплицирање на работилницата „TOO SHORT TO DIE“„iN SCRiPT”

14/05/2015

„iN SCRiPT” по трет пат ја организираат работилницата   „TOO SHORT TO DIE“ наменета за сценаристи и режисери кои сакаат да ги развијат  своите сценарија под менторство на некои од најдобрите меѓународни предавачи.

Работилницата се фокусира на развојот на аналитичките и креативните способности  на учесниците при создавањето на  структурални, конзистентни и ефикасни сценарија . Работилницата ќе се одржи во две сесии од кои првата ќе се одржи во период од 27.09-03.10 во Литванија, додека онлајн сесијата ќе се одржи од 2-8.11.2015 година. Предавачи на работилницата ќе бидат истакнатиот консултант за сценарија и член на БАФТА, Ангели Мекфарлан и еден од најеминентните полски сценаристи и член на Европската филмска академија, Мацеј Карпински.

Краен рок за аплицирање е 01.08.2015 година

Подетални информации за начинот и условите за пријавување на http://www.inscript.lt/workshop/