Филмски фестивал „Watch Out“ во Тетово

31/05/2012

 

 

Градот Тетово, во периодот од 31ви мај - 3ти Јуни, ќе биде домаќин на првото издание на филмскиот фестивал „Watch Out“, во организација на Центарот за балканска соработка „Љоја“ и финансиран од Гете институтот и Робер Бош штифтунг. Фестивалската програма е составена од три натпреварувачки дела: документарни филмови, експериментални филмови и краткометражни филмови, селектирани од околу 40 регистрирани пријави.

Во рамките на фестивалот е предвидено да се одржат и работилници со  меѓународно успешни режисери и теоретичари. Проекциите на филмовите ќе се одржуваат во 20 часот во Музејот на Комунистичката партија на Македонија. Влезот е слободен за сите заинтересирани.