Отворен конкурсот за Cross-Media Forum 2013

11/06/2013

 

Повикот за аплицирање на Форумот за крос-медиуми, кој се одржува од 15-18 октомври во склоп на 57. Лондонски филмски фестивал, е официјално отворен. На Форумот ќе бидат презентирани серија предавања и истражувања за најновите идеи и иновации за начините на модерното излагање, анимирање на публиката и бизнис практиките, на кој ќе учествуваат водечки меѓународни експерсти за крос-медиуми, аналитичари и професионалци од филмската, тв, интерактивната интернет и издавачка индустрија.

Краен рок за аплицирање е 26 јули.  

Повеќе информации како и формуларот за аплицирање, ОВДЕ