„Епизодист“ на два прекуокеански филмски фестивали

03/08/2012

            

 

Краткометражниот филм „Епизодист“ патува на два прекуокеански филмски фестивали. Филмот е влезен во официјална конкуренција на Филмскиот фестивал “ХолиШортс” кој се одржува од 9 до 17 август во Холивуд, Лос Анџелес. Филмот ќе биде прикажан на 10 август, во холивудскиот театар Грауман.

Филмот исто така го очекува учество на Меѓународниот фестивал на краткометражен филм кој се одржува од 21 до 23 септември во Хилдсбург, Калифорнија.