„Епизодист“ со две нови награди во Лос Анџелес

20/11/2012

     

Краткиот филм „Епизодист“ во режија на Игор Алексов се здоби со уште две награди. На овогодинешното издание на Los Angeles International Underground Film Festival филмот ја доби наградата за најдобар наративен краткометражен филм и наградата за најдобар режисер.

Филмот, во кој покрај Јана Стојановска играат и Силвија Стојановска, Предраг Павловски и Игор Ангелов досега е награден на Скопскиот филмски фестивал за најдобро краткометражно остварување, на фестивалот “Holly Shorts” во Hollywood, California каде што ја доби наградата за најдобар интернационален краток филм и на фестивалот “Silent River Film Festival” Irvine, California, каде Јана Стојановска доби награда за најдобра женска улога. 

 

Повеќе информации за филмот, ОВДЕ