„Пештерата“ премиерно на филмскиот фестивал во Ротердам

24/01/2014

Краткиот филм „Пештерата“ (египетско-македонска копродукција) во режија на египетскиот режисер Ахмед Ел Гонеими, ќе ја има својата интернационална премиера на престижниот филмски фестивал во Ротердам, во склоп на програмата Spectrum Shorts.

„Пештерата“ ("The Cave") е дел од омнибусот AFRICAN METROPOLIS и е во продукција на Zero Production од Каиро и Фокус Покус од Скопје. Филмот е поддржан од страна на Филмскиот Фонд на Република Македонија.

Филмот е снимен на локации во Каиро, а македонската екипа која работеше на неговата реализација е составена од: Димо Попов-директор на фотографија, Ивица Јанкуловски-тонски снимател и дизајнер на звук, Благоја Неделковски-супервизор на монтажа, Дарко Попов-продуцент, а колор корекцијата се изработи во студиото Вертиго.

Египетски продуцент на филмот е  Тамер Ел Саид, а омнибусот AFRICAN METROPOLIS е под покровителство на Steven Markovitz од компанијата Big World Cinema.