„Децата на мојот татко“ селектирн на фестивал во Тирана

08/05/2015

Документарниот филм "Децата на мојот татко" е селектиран на фестивалот DOCUTIFF (Documentary Tirana International Film Festival)што се одржува во период од 9-13 мај во Тирана, Албанија. Филмот, во режија на Бесфорт Имами и во продукција на Award Film & Video ќе биде прикажан на програмата на фестивалот на 10ти мај.

"Децата на мојот татко" е приказна за животот и работата на Суреја Имами, и неговото влијание врз албанското образование и музика. Филмот  е поддржан од Агенција за филм на Р. Македонија.

Подетално за програмата на  http://tiranafilmfest.com/