„Децата на мојот татко“ на три фестивали овој месец

16/09/2015

Документарниот филм "Децата на мојот татко", во режија на Бесфорт Имами, а во продукција на Award Film & Video, реализиран со поддршка на Агенцијата за Филм на РМ, на 5ти септември беше прикажан на FerFilm фестивалот во Урошевац, Косово.

Во текот на септември филмот ќе биде прикажан и на Balkan Film & Food Festival во Поградец, Албанија на 19ти септември, а своја македонска премиера ќе има на 20ти септември на фестивалот Манаки во Битола, каде што ќе биде прикажан во Мак Поинт програмата. Покрај учеството на овие фестивали, филмот во Мај оваа година беше прикажан и на Docu TIFF во Тирана.

                                                            
"Децата на мојот татко" е приказна за животот и работата на Суреја Имами, и неговото влијание врз албанското образование и музика.