„Устав на Република Хрватска" награден на Фестивалот во Санта Барбара

15/02/2017

 

Филмот „Устав на Република Хрватска" во режија на Рајко Грлиќ имаше премиера во САД, во главната конкуренција на 31. Меѓународен филмски фестивал во Санта Барбара, каде што ја освои главната награда „Награда за најдобар меѓународен филм“.

„Устав на Република Хрватска“ исто така ја освои најголемата награда на последниот филмски фестивал во Монтреал, Grand Prix Америка. 

Музиката за филмот ја пишуваше Дуке Бојаџиев, а дел од актерскиот тим е и македонската актерка Јелена Јованова. Македонски продуцент е Дејан Милошевски, Револушн продукција а филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.