„Устав на Република Хрватска“ во Монтреал ја доби наградата за најдобар филм

07/09/2016

Долгометражниот филм „Устав на Република Хрватска“ во режија на Рајко Грлиќ доби Гран при за најдобар филм на престижниот Филмски фестивал во Монтреал што се одржа од 25 август до 5 септември во Канада, во конкуренција од 21 филм.

Филмот е копродукција помеѓу Хрватска, Македонија, Чешка и Словенија. Македонски копродуцент на филмот е Дејан Милошевски (Револушн Продукција), во филмот игра и македонската актерка Јелена Јованова, а музиката е на Дуке Бојаџиев.

Македонската премиера е закажана за крајот на октомври.

Филмот е финансиски поддржан од Агенција за филм на Република Македонија како проект со малцинско финансиско учество од Република Македонија.